Opel Vivaro-e
» Opel веќе наголемо прима нарачки за новиот целосно електричен Vivaro-e, чија цена без ДДВ во Германија започнува од 35.650 евра во кои не се пресметани не така малите бонуси и субвенции. Купувачите можат да изберат помеѓу две големини на литиум-јонските батерии во зависност од нивните потреби – од 75 kWh за возење до 330 km или за оние кои имаат помалку потреба од интензивно секојдневно користење, од 50 kWh и автономија до 230 километри. Vivaro-e има носивост до 1.275 килограми, што е скоро исто како и дизел верзиите. Е-комбито е исто така единственото електрифицирано возило на Opel достапно со додаток за приколки што овозможува максимален капацитет за влечење од 1.000 kg.
Opel го нуди Vivaro-e во три должини – 4,6 метри (S), 4,95 (M) и 5,30 m (L) и во неколку верзии на каросеријата, вклучувајќи затворен фургон, кабина за екипаж и верзија со платформа. Повеќето верзии на Vivaro-e се високи само 1,90 метри и затоа можат да влезат во подземен паркинг. Со 100 kW (136 KS) и 260 Nm вртежен момент од електричниот погонски систем, Vivaro-e нуди подобри перформанси од повеќето електрични комерцијални возила. Електронски контролираната максимална брзина од 130 km/h овозможува возење и на автопат. Софистицираниот систем за регенерација на енергијата при кочење дополнително ја зголемува ефикасноста. Батериите сместени под товарниот простор го спуштаат тежиштето, што придонесува за стабилност при возење низ свиоци или со страничен ветар дури и кога Vivaro-e е целосно натоварен.