Tags: , ,
Запознајте го VW OnePod

Иднината на урбаната мобилност

» Volkswagen претстави ново електрично автономно возило за во град со променлив ентериер. На тоа треба да асоцира и називот OnePod кој е избран да ја илустрира идејата за едно решение за сé. Замислено е како возило на идната урбаната мобилност кое треба да се вклопи во визијата за тоа како сообраќајот во градските подрачја би можел да изгледа. Големите стаклени површини, екранот и интуитивните управувачки елементи во наслоните за раце ќе му овозможат на патникот оптимален преглед и пристап на сите потребни апликации. Надворешната комуникација е со сигнали во светлосните ленти кои ги информираат и ако е потребно предупредуваат останатите учесници во сообраќајот, а на задната страна се наоѓа преклоплив држач за велосипеди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *