Tags: , ,
Драстично намалување на цените на електричните возила на Mercedes

Ќе следи ли и Европа?

» Mercedes драстично ги намали цените на своите електрични модели, ама за жал само во Кина. Причината е жестоката конкуренција на тамошниот пазар на кој доминираат домашните марки. И покрај престижниот имиџ што го има, Mercedes не сака да го испушти моментот и цели да го задржи планираниот дел од колачот, макар и со помала заработка. Иако ова нималку не е во согласност со глобалната ценовна политика на марката, станува јасно зошто челниците од Штутгарт се имаат решено за овој чекор кога ќе се погледнат бројките од продажбата, посебно на луксузниот EQS кои едвај се искачуваат до стотина примероци месечно. Затоа и неговата цена е намалена, преведено во валута која ја разбираме, на сто и триесет илјади евра што е повеќе од триесет илјади помалку отколку досега. Поевтинувањето го зафати и EQE но во многу помал обем – тој сега чини околу шеесет и пет илјади евра, односно околу десет отсто помалку од претходно.

Прашањето кое само се наметнува – дали вакво нешто ќе следи и во Европа, нема да има одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *