Ај, машала!
» Добри луѓе, денес има лоши вести за вас – дизелот рипна, домашниот буџет рикна. Никој не очекуваше дека стампедото на цената на дизелот ќе продолжи, иако сите стравуваа дека така ќе биде – регулаторната комисија врз основа на ингеренциите што и ги има дадено државата вели дека за литар дизел ќе плаќаме по 12 денари повеќе отколку за литар бензин. Или во проценти изразено, 13,4%, и тоа со давачки кои се за околу 9 денари пониски од оние на бензинот. Но, не тагувајте – утре е нов ден и може да нé дочекаат уште повисоки цени од 89,50 денари колку што чини литар еуросупер БС-95, 92 денари колку што е еуросупер БС-98 или пак 101,50 за дизелот.
Да сме живи и здрави!