Пневматици место чевли
» Како долгогодишен раководител на семејната компанија за производство на традиционалните јапонски џика-таби обувки, Шоџиро Ишибаши увиде дека иднината е во моторизацијата на земјата и се зафати со реализација на идејата за производство на пневматици, индустрија што тогаш ја немаше во Јапонија. Првите пневматици беа направени на денешен ден 1930-та, а една година подоцна од компанијата беше издвоено одделение за нивно производство, кое заради интернационалниот продор што Ишибаши го имаше на ум, беше наречено според англиската верзија на неговото презиме (иши – камен, баши – мост). Денес Bridgestone е најголем производител на пневматици во светот со 139 фабрики, 135.000 вработени и 26 милијарди долари приходи.