Првиот автомобил со гасна турбина
» На 8 март 1950 година Rover го покажа прототипот Jet 1, првиот автомобил задвижуван со гасна турбина, што е еден вид млазен мотор. Тој беше сместен зад седиштата на отворениот двосед кој за време на тестирањата имаше развиено максимална брзина од 142 km/h. Со натамошен развој на погонскиот агрегат кој работеше на бензин, керозин или дизел и постигнуваше 50.000 вртежи во минута, успеа да се достигне и 240 km/h. Постоеја планови за сериско производство, но потрошувачката која се движеше меѓу 40 и 50 литри гориво на 100 километри го испрати овој автомобил во научниот музеј во Лондон каде се наоѓа денес.