Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 јули 1961 година (2*видео)

Француски Volkswagen

» После 14 години, на 6 јули 1961-вата заврши производството на Renault 4CV, првиот повоен модел на марката развиван во тајност за време окупацијата. Тој требаше да биде еден вид француски Volkswagen заради што и веднаш после капитулацијата на Германија беше повикан Фердинанд Порше на консултации за него. Беше многу популарен меѓу купувачите кои ги собра точно 1.105.547, станувајќи со тоа првиот француски автомобил произведен во повеќе од милион примероци. Овој автомобил беше еден од осумте кои учествуваа на конкурсот на Zastava за национално југословенско возило во 1953 година, на кој како што доста добро знаеме, беше избран Fiat 600.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *