Дебитираше првиот „цивилен“ Ferrari
» Со ознака 166 Inter, овој модел беше првиот „цивилен“ автомобил на Ferrari кој дотогаш правеше само тркачки возила. Типично за тоа време, Ferrari испорачуваше само шасија со мотор и другата механика, додека каросеријата се правеше во специјализирани работилници по избор на купувачот. Беа произведени 38 примероци, доработени во различни каросериски варијации (главно купеа и кабриолети) од страна на Touring Superleggera, Ghia, Stabilimenti Farina, Bertone и Vignale. Имаше дволитарски V12 мотор (не, не е грешка) со 90 KS и постигнуваше 150 km/h.