Tags: ,
BMW серија 2 Active Tourer – втора генерација

Моноволуменецот на BMW доби втора генерација

» Му предвидуваа брз крај бидејќи ја заврши својата мисија да го воведе предниот погон во BMW, но не испадна така – моноволуменецот за чие постоење во гамата на баварскиот производител никако не може да се најде смисла, доби втора генерација. И тоа со големи бубрези, исто како и најпотентните модели на марката. Изненадување, мора да се признае, исто како што мора да се признае дека тие добро му личат. Освен нив, Active Tourer верзијата на серијата 2 доби и малку подинамичен изглед со понавалено ветробранско стакло и потенки столбови, комплетиран со LED светлата. Кокпитот целосно е дигитализиран, пространоста како и досега е на завидно ниво, а задната клупа се поместува за да се ослободи повеќе простор во багажникот.

Моторизацијата е солида – основната понуда стартува со 1,5 литарскиот трицилиндричен агрегат со 136 и 170 KS и преку дволитарскиот бензинец со 218 коњи оди до исто толкавиот дизел со 150 коњски сили. Но најинтересното доаѓа идното лето во облик на два плаг-ин хибриди со 245 и 326 KS, чија батерија од 14,9 kWh ќе им овозможи електрична автономија од 80 km. Продажбата ќе стартува во февруари, а цените сé уште не се одредени. Од своето појавување во 2014 година BMW продаде скоро половина милион примероци од Active Tourer верзијата на серијата 2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *