Сé уште ги нема по улиците…
» Откако на почетокот на месецот успешно го тестираше, General Motors на денешен ден 1955 година го претстави првиот соларен „автомобил“ во светот. Наречен Sunmobile, тој беше долг 38 сантиметри, направен од дрво и имаше целосно функционална механика и 12 соларни ќелии распоредени на него. Со него всушност се покажа дека ваквата и денес футуристичка технологија е неупотреблива кај автомобилите бидејќи соларните ќелии дури и да работат со стоотстотна ефикасност кај автомобил со нормална големина можеле да генерираат струја доволна за електромотор од само 12 коњски сили.