Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>30 јуни 1953 година (2*видео)

Среќен 69-ти роденден!

» Само половина година по премиерата, Chevrolet започна со производството на Corvette. Овој отворен двосед настана по брзата реакција на General Motors на зголемената популарност на европските спортски автомобили на американскиот пазар предизвикан со индивидуалниот увоз од страна на американските војници стационирани на Стариот континент кои се враќаа дома. Развојот започна во 1951 година, а првиот за производство подготвен прототип беше довршен во декември 1952-рата. Реакцијата на публиката беше бомбастична и GM ги забрза плановите за производство кое започна на денешен ден пред 69 години. Бидејќи фабриката во Флинт не беше подготвена за тоа, возилата се склопуваа рачно а до крајот на 1953 година беа направени само 300 примероци, сите бели со црвена внатрешност и црн платнен покрив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *