Илегална трка без правила каде се почитува џентлменскиот збор
» Сакајќи да го одбележат воспоставувањето на новиот системот на меѓудржавни патишта низ САД но истовремено и да протестираат против строгите сообраќајни правила кои во тоа време стапуваа на сила, автомобилскиот новинар Брок Јејтс, неговиот син Брок Џуниор и уредникот на Car and Driver, Стив Смит, на денешен ден 1971 година тргнаа на пат од Њујорк до Лос Анџелес со цел растојанието од скоро 4.700 километри да го поминат што е можно побргу. Идејата ја добија од легендарниот Ервин „Кенонбол“ Бакер кој пред втората светска војна цел живот поставуваше рекорди возејќи од еден до друг крај на Америка, кому му го посветија своето возење за кое со посебно прилагодено комби Dodge Sportsman им требаа 41 час и 51 минута. Веќе во ноември беше организирана вистинска трка со повеќе учесници, без правила и било какви ограничувања, за чиј победник ќе биде прогласен оној кој за најкратко време ќе стигне. Со каков автомобил, колку луѓе ќе возат заедно со него, со која брзина и по кој пат, воопшто не беше битно. Времето не се мереше официјално, туку се почитуваше џентлменскиот збор дека навистина го поминале патот со истото возило со кое тргнале.
Рекордот на оваа илегална трка поставен пред две години на од пандемијата испразнетите патишта изнесува 25 часа и 39 минути, што значи дека од еден до друг брег Америка е помината со просечна брзина од 180 km/h.