Рекорд кој остана несоборен осум децении
» На 28 јануари 1938 година возачот на Mercedes Рудолф Карачола со специјално подготвениот W125 Rekordwagen на автопатот Франкфурт-Дармштат постигна 432,7 километри на час поставувајќи светски рекорд во брзина на јавен пат. Овој рекорд остана несоборен цели осум децении, до ноември 2017-тата кога Никлас Лилја со Koenigsegg Agera RS на затворен автопат во Невада постигнувајќи 445,6 километри на час беше побрз за само 12,9 km/h.