Се роди шпанскиот Фиќо
» Започна производството на нам добро познатиот Фиќо во шпанска изведба, кој Seat го произведуваше во Шпанија под лиценца на Fiat до 1973 година. Овој мал автомобил има историска улога во развојот на земјата – помогна да започне економскиот бум и беше икона на своето време. Беа произведени 794.406 примероци од кои беа извезени околу 80 илјади – во Колумбија, Финска, Белгија, Данска, Холандија, Грција…