По желба на пролетеријатот
» Иако пред втората светска војна за потребите на југословенската војска таму беа монтирани 400 Chevrolet камиони, за роденден на Zastava се смета денешниот ден 1953-тата кога на референдум работниците донесоа одлука за производство на автомобили. Истата година беа склопени 162 теренци Willys, а наредната беше потпишан лиценцен договор со Fiat. Набргу по тоа започна монтажата на првите возила од моделите 1400, 1100 и Campagnola, а во 1955 година и производството на Фиќо.