Раѓањето на една легенда која живее и денес
» Точно напладне на денешен ден 1946 година Piaggio поднесе барање за патентирање на Vespa. Така, под официјалниот назив „Мотоцикл со рационална комплексност на компоненти и елементи со рамка комбинирана со штитници од кал и обвивка што ги покрива сите механички делови“, се роди една легенда која во основа непроменета живее и денес – досега се продадени повеќе од 19 милиони примероци.