Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>19 октомври 1955 година

Најпрепознатливиот Jaguar на сите времиња

» Официјалните ознаки на моделот Mark 1 на Jaguar беа 2.4 Litre и 3.4 Litre, во зависност од моторот. Ознаката Mark 1 започна да се користи ретроактивно од 1959 година кога беше заменет со моделот Mark 2. Иницијално се произведуваше со  помалиот 2,4 литарски мотор (кој всушност имаше зафатнина од 2,5 литри) со 112 коњски сили. Беше првиот помал модел на марката после прекинувањето на производството на Mark IV во 1949 година и веднаш постигна успех благодарејќи на модерниот стајлинг и почитувањето на нивото на перформансите што се очекува од еден Jaguar. Беше и првиот модел на марката со монокок конструкција, а греењето му беше опција. Верзијата со 210-коњскиот 3,4 литарски исто шестцилиндричен мотор се појави во 1957 година и на почетокот беше наменета само за извоз во САД. После само 200 направени и испратени преку океанот примероци, голем пожар ја уништи главната фабрика во која се произведуваше. Беа направени вкупно 37.397 примероци од двете верзии и оттогаш сé до ден-денес тој, заедно со неговиот наследник, се најпрепознатливите модели на Jaguar на сите времиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *