Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>18 февруари 1965 година

Спортски обувки за Giulia

» Тркачката дивизија на Alfa Romeo ја претстави својата прва креација – Giulia Sprint GTA, или накратко GTA, каде буквата А беше кратенка од alleggerita, во превод олеснета. Каросеријата ѝ беше направена од алуминиум, внатрешноста од алуминиумска легура, манган, бакар и цинк, а страничните стакла од плексиглас, со што тежеше само 740 килограми, за 200 помалку од моделот од кој беше изведена. Тркачката верзија имаше 1,6 литарски Twin Spark мотор со по две свеќички на цилиндар и развиваше 170 коњски сили. За нејзните спортски успеси најдобро покажува фактот дека на првата трка на која настапи ги освои првите седум места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *