Еден од најуспешните британски автомобили
» Morris 1100, поголемиот брат на Mini, исто дело на Сер Алек Исигонис, на денешен ден 1962 година беше лансиран на домашниот пазар. Овој модел дизајниран од Pininfarina кој кај нас најмногу е познат како Austin 1300, настапуваше под многу марки и уште повеќе имиња. Беше еден од најуспешните британски автомобили – во периодот од 1963 до 1971 година со исклучок на 1967-мата беше најдобро продаван автомобил во Велика Британија. И не само таму – се произведуваше на сите меридијани, од Тринидад и Тобаго до Нов Зеланд и од Малта до Родезија. Од него и неговите варијанти направени се вкупно 2,1 милиони примероци.