Полнете резервоарите и на пат!
» Високите летни температури навестуваат, а регулаторната комисија за енергетика потврдува – време е за годишни одмори. Затоа полнете ги резервоарите и на пат, сега со поевтини горива – бензините за 2 а дизелот за 2,50 денари. Во нивното образложение се вели дека еуросупер БС-95 ќе чини 96,50 денари, еуросупер БС-98 по 99 денари и еуродизел Д-Е V 97,50 денари за литар заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар – на бензините за 1,597% и на дизелот за 1,488%, но и заради поевтинувањето на доларот за 0,263%.