Tags: , ,
Вака се штитат законите!

Балкански менталитет среде Англија

» Националноста на девојката не е објавена, но тоа и воопшто не е битно – она што запрепастува е дека возела и до скоро сто километри на час побрзо од дозволеното. Имено, откако полициските пресретнувачи ја „уловиле“, според тамошните прописи тие ја следеле и го снимале нејзиното возење. Според нивниот запис на место каде ограничувањето на брзината е 113 km/h, таа возела меѓу 161 и 209 km/h, или во просек 182 километри на час на делницата на која била следена. А кога успеале да ја запрат, нејзиниот одговор бил – ми се брзаше да одам во тоалет! Секој понатамошен коментар би бил излишен да беше само тоа, но девојката која имала привремена возачка дозвола била сама зад управувачот на Mercedes-AMG G63 кој со своите 585 KS предизвикува стравопочит кај многу поискусни возачи, иако според прописите во Велика Британија со неа во возилото морало да има уште едно лице со регуларна возачка дозвола кое ќе ја нагледува како вози.

Како епилог на сето ова следи она што не е балканско во приказнава – возилото е запленето а девојката уапсена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *