Ќе се појави ли воопшто?!
» Развиен под кодното име E100, скиците на новиот електричен SUV на SsangYong графички ни го доловуваат неговиот надворешен дизајн. Овој модел со средна големина ќе го карактеризираат изобилство простор во внатрешноста како и употреба на нови материјали, и сето тоа ставено во функција на зголемена ефикасност. Од прикажаниот делумен изглед се заклучува дека дизајнот го карактеризира аеродинамична силуета, со стил кој би требало да се вклопува во урбаниот простор. Заради зголемена енергетска ефикасност возилото има преден поклопец за моторот од алуминиум што е за прв пат применето кај модел на корејската компанија и запечатена маска.
Ова електрично возило треба(ше) да биде лансирано во првата половина на 2021-ва, но SsangYong при крајот на минатата година западна во проблеми – поднесе барање за стечај. Што ќе биде со него никој не знае, но очекувањата беа дека значително ќе и помогне на марката да се позиционира на пазарот со препознатлив дизајнерски израз фокусиран кон иднината, како и со ново ниво на квалитет на своите производи.