Чистење на алуминиумските тркала

Избегувајте киселини и груби четки

» Честичките од сопирачките, прашината, солта од патиштата – сето тоа лошо влијае на алуминиумските тркала на автомобилот. На нив се создава слој тврдокорна нечистотија кој треба да се симне. Ако тој се остави подолго време може трајно да остане на нив и не само што ќе го расипе нивниот изглед туку може да предизвика и корозија. Затоа одвреме-навреме потребно е да се исчистат. Најдобро е тоа да се препушти на специјалистите во авто-пералните кои имаат средства за чистење и искуство. Но ако планирате сами да ги исчистите, треба да се избегнуваат грубите четки, течностите на основа на киселина, средствата за одмастување на рерни, пастите за заби… Сето тоа може да го оштети заштитниот лак на тркалата, по што доаѓа до корозија. Најдобро е да се побара специјализирано средство за чистење на тркалата, но ако нема треба во млака вода да се додаде малку средство за миење садови и со мека крпа добро да се исчистат. Сепак треба да се знае дека ова нема да биде доволно ако тркалата не се чистени подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *