И вие ќе збеснете!
» Некогаш, како што сега е случајот со цените на горивата кај нас, сакаме да премолчиме некои работи, ама не можеме – мора да знаете дека регулаторната комисија за енергетика на Македонија ни скрои од ноќеска дизелот да биде за два денари поскап, а бензинот за половина. Претходно, бидејќи неговата цена се формира слободно без антимонополски надзор, метанот поскапе од некои 40 и нешто денари на… Ќе ве поштедиме од шокови и нема да ви кажеме колку бидејќи она што е побитно да го знаете е дека во неделава што ни претстои за литар бензин од 95 октани што сите го користиме ќе плаќаме по 75,50 денари, за оној поскапиот од 98 октани што го трошат привилегираните по 77,50 денари, а за литар дизел што сите би сакале да го трошиме по 67,50 денари. За цената на метанот понизно ве молиме информирајте се на друго место за ние да не ви бидеме виновни затоа што некогаш сме ви кажале нешто позитивно за него.