Последна серија од 12 примероци
» Во ова време во кое живееме нема повеќе место за џиновските V12 мотори кои досега значеа обезбедено статусно место како за производителите на автомобили, така и за нивните сопственици – новите правила за чистотата на издувните гасови ги избркаа од сцената. Затоа во BMW решија да се збогуваат од нив давајќи им шанса на носталгичните да се снабдат со еден од последните 12 примероци на серијата 7 кои ќе ги задвижува 6,6 литарскиот V12 агрегат со 600 коњски сили. Нивното производство ќе започне во јуни и ќе бидат наменети исклучиво за американскиот пазар. Цената од 200.000 долари кажува дека во нив ќе биде вградено сé што може да се вгради, но нема да може да ги купи било кој – тоа ќе можат да го сторат само досегашните сопственици чи на некој од моделите на серијата 7. Со ова, BMW ќе ја испрати во пензија и тековната нејзина генерација.