Fiesta и Focus нема да доживеат електричен третман
» Ford во наредните две години планира во Европа да лансира три потполно нови електрични автомобили, но меѓу нив ќе ги нема Fiesta и Focus – се очекува марката да ја искористи американската формула и за зголемување на профитабилноста да се фокусира на кросоверите. Одговорните велат дека пазарот се менува, а електрификацијата е прилика за репозиционирање на него. Еден од новите модели ќе биде и кросовер со средна големина кој засега нема име, но наскоро ќе го дознаеме – како што се гледа од сликата тој веќе е подготвен за покажување кое се очекува да се случи во март следната година. Според претходно познатите информации ќе биде поставен на MEB платформата на Volkswagen и ќе се произведува во фабриката на Ford во Келн.