Ефикасно и брзо
» Во развиените земји рачното крпење на дупките на патиштата како кај нас, со неколку лопати асфалт, дефинитивно заминува во историјата. За тоа помагаат и ваквите специјализирани машини за кои се потребни само двајца работници – возачот на камионот и операторот, а не се потребни ниту никакви други дополнителни машини и алати, како лопата на пример. Поправката односно крпењето на оштетувањата на патот се вршат за само неколку минути, а сообраќајот може непречено да продолжи да се одвива веднаш по интервенцијата.