Да не беше толку скапа…
» Кинезите се познати по тоа што копираат сé живо и диво, главно лошо. Но понекогаш знаат да изненадат, не со својата уникатност, туку со тоа што нешто ќе ископираат добро. Притоа не мислиме тоа да биде верно на оригиналот, туку да изгледа добро, како што е случај со оваа копија на првата генерација на Chevrolet Corvette. Го носи името SS Dolphin, а доаѓа од целосно непознатиот производител SongSan Motors од каде тврдат дека со американската компанија AM Tech имаат воспоставено формална соработка во заедничка компанија за производство на вакви автомобили во Кина. Споменатиот е задвижуван со плаг-ин хибриден 1,5 бензинец со 160 коњи презеден од BYD, чии батерии имаат капацитет за стотина електрични километри. Тврдат дека со помош на вкупните 320 коњски сили кои ги добива со електричната помош забрзува до 100 km/h за одлични 4,9 секунди.
Колку има вистина во сето тоа ќе дознаат само оние што ќе се осмелат да го купат по цена од 598.000 јуани, што е околу 89.000 долари.