Проработи фабриката на Tesla во Берлин
» После многу перипетии предизвикани од несогласувањата на екологистите, Tesla конечно ја отвори својата гигафабрика во Германија, а Елон Маск го исполни ветувањето и играше од среќа. Оваа фабрика која практично цело време додека се градеше беше дивоградба бидејќи конечните дозволи за тоа ги доби пред кратко време е од стратешко значење за задоволување на европската побарувачка за електричните модели на американскиот производител. Конкретно, за Model Y кој засега ќе биде единствен кој ќе се произведува таму во овој, според Tesla, најефикасен и напреден нивни погон. Има потенцијален капацитет за производство на 500.000 возила и 50 GWh батерии годишно, а ќе вработува дури 12.000 луѓе.