Храбар или предвремен исчекор кон иднината?
» Веста е неофицијална, но реално остварлива – електричниот Audi A6 e-Tron веќе од 2023-тата би можел да стане сериски производ. Тој ќе биде поставен на новата PPE (Premium Platform Electric) платформа која се развива заедно со Porsche. Се очекува дека ќе има барем две верзии – основна со еден електромотор и погон на задните тркала и перформансна со два електромотора и 4×4 погон, како концептот претставен во Шангај кој располага со вкупно 476 KS. Треба да се очекува со едно полнење да може да помине до 700 km, а електричната архитектура од 800 V и поддршката за полначи од 270 kW да овозможат 25-минутно полнење до 80 отсто од капацитетот на батериите.