Нов живот за старата легенда
» Германската компанија Elantrie ѝ даде нов живот на старата легенда Lada Niva конвертирајќи ја во електрично возило. Разликите однадвор се што нема издувна цевка, а одвнатре што е малку посилна бидејќи место бензинец со 83, има електромотор од 88 KS. Погонот и понатаму е на сите четири тркала, додека со едно полнење на батериите од 30 kWh сместени на местото на резервоарот за гориво може да се поминат меѓу 130 и 300 km. Значајна карактеристика е што електричната Lada Niva има можност за напојување надворешни уреди до 2.000 вати преку штекер од 220 волти сместен во багажникот. Цената на конверзијата изнесува само 2.800 евра, трошок што според математиката на компанијата ќе се врати за 20.000 километри. Се нудат и нови возила конвертирани на струја по цена од 19.900 евра.
Освен Lada Niva, Elantrie нуди слична конверзија и за претходната генерација на Dacia Sandero.