Тројна победа на Hyundai Ioniq 5
» Hyundai Ioniq 5 се закити со ласкави признанија – стручното жири за избор на светскиот автомобил на годината го награди со главната титула и уште две во категориите за електричен автомобил на годината и најдобар дизајн. Електричниот кросовер на корејската марка ја однесе победата пред сестринската Kia EV6 и Ford Mustang Mach-E. Електричните автомобили доминираа и во останатите категории – за перформансен автомобил на годината е избран Audi e-Tron GT, а Mercedes EQS победи во категоријата на луксузни возила. Единствен кој триумфираше а не беше електричен е Toyota Yaris Cross кој е прогласен за светски урбан автомобил на годината.