Произведен последниот Ford Model T
» Последниот ден од 1927 година беше произведен последниот примерок на Ford Model T. Во САД Ford го запре производството на автомобилот што го постави светот на тркала на 26 мај истата година, објавувајќи дека се направени точно 15 милиони од него. Фабриките беа затворени заради подготовката за производство на неговиот наследник Model A, а околу 60.000 работници беа отпуштени. Model T во мали количини сепак продолжи да се произведува во фабриките на Ford во останатите земји меѓу кои и во Ирска, од каде на 31 декември 1927 година излезе последното возило. Од Ford Model T беа произведени точно 15.007.033 примероци, со кои овој автомобил го држеше рекордот сé до 1972 година кога Volkswagen Буба го надмина според бројот на произведени возила.