Смрт на едно легендарно име
» Како резултат на мешавина економски и фактори под влијание на внатрешната и надворешната политика на British Leyland кој тогаш беше сопственик на марката, фабриката на MG во Абингдон беше затворена на 24 октомври 1980 година како дел од драстичната програма за кратење. Последниот автомобил кој од неа излезе претходниот ден беше MGB во родстер изведба кој денес се наоѓа во локалниот градски музеј. Тој воедно беше и последниот вистински MG направен во дотогаш 51-годишната историја на марката, која продолжи да живее еден друг свој сосема поинаков живот. За тоа време вкупно се направени 1.155.032 возила.