Прапочетоците на General Motors
» На денешен ден за нас револуционерната 1903 година, шкотскиот емигрант Дејвид Данбар Бјуик ја основа компанијата од кога подоцна се изроди General Motors. Првите возила на Buick кој во моментов е најстарата автомобилска марка во САД всушност настанаа во 1899 и 1900-тата година, конструирани од Волтер Мар, главниот инженер на претходната компанија на Дејвид, Buick Auto-Vim and Power. Но тој тогаш не беше заинтересиран за автомобилите и се концентрираше на производство на статични и бродски мотори заради што Мар ја напушти компанијата и си основа своја. Бидејќи и неговиот заменик исто размислуваше, Дејвид сепак се премисли и првиот автомобил беше направен во 1903 година. Но бизнисот тргна слабо и пред да остане без пари Дејвид Бјуик се обрати на Вилијам Дурант кој како главен инвеститор ја презеде контролата над компанијата. Под неговото раководство Buick стана најпродавана марка во САД, а во 1908 година и основоположник на General Motors.