Хенри Форд го започна, Хенри Лиланд го доврши
» Дали знаете дека најзаслужен за настанувањето на Cadillac е Хенри Форд? Приказната за оваа марка автомобили започнува во ноември 1901 година кога Хенри Форд со група инвеститори ја основа компанијата која го носи неговото име – Henry Ford Company. Но финансиерите не можеле да го истрпат неговиот темперамент и тој после само четири месеци ја напушта компанијата, која е реорганизирана под називот Cadillac. На неговото место доаѓа Хенри Лиланд кој продолжува таму каде Форд застанал, заради што првиот автомобил на Cadillac, освен моторот кој бил конструкција на Лиланд, е скоро идентичен со првиот модел на Ford. Биле направени три примероци кои биле изложени на салонот на автомобилите во Њујорк во јануари 1903 година. Прецизната изработка толку ги фасцинирала посетителите што компанијата собрала 2.286 нарачки, повеќе од целогодишно производство.