Најамериканското од Америка
» После втората светска војна Ford започна да работи на нова серија пикапи прилагодени на потребите на општеството. Беше развиена гама од осум модела означени според тежинската категорија од F-1 (половина тон) до F-8 (3 тона), обединети под заеднички назив F-серија. Колку успешно ја завршија работата сведочи и тоа што се произведуваа во вкупно 16 различни фабрики. Се опремуваа со бензински мотори со моќност од 95 до 145 коњски сили, а продажба им започна на денешен ден 1948 година. F-серијата на Ford од 1981 година е најпродавано возило во САД од било која категорија.