Се роди Volvo, со еден ден задоцнување
» Volvo го слави својот 95-роденден. Компанијата всушност е основана во август претходната година, но Швеѓаните го наведуваат 14 април 1927 година како ден кога се роди Volvo. Но со еден ден задоцнување – било предвидено на настан на кој биле повикани и новинари од производствената лента да се симне првиот автомобил, моделот ÖV4 популарно наречен Jakob. Но кога дошол тој момент, автомобилот место напред тргнал назад – запчениците во диференцијалот биле наопаку монтирани, заради што целиот настан бил повторен утредента.