Иновација како од анегдота
» На денешен ден пред 217 години пронаоѓачот Оливер Еванс го тестираше своето возило наречено Orukter Amphibolos, кое за погон користеше парна машина. Тешко 17 тони, ова возило всушност беше багер сместен во големо дрвено корито наменет градот Филаделфија да го продлабочи пристаништето на реката Делавер. За да го достави до местото каде требаше да се работи, овој пронаоѓач од велшко потекло го опреми со тркала. Така настана првото амфибиско возило во светот.