Почетоците на автомобилскиот бизнис на BMW
» BMW беше основан во 1916 година како компанија за производство на авионски мотори, но после првата светска војна тоа му беше ограничено и започна да се занимава со производство на мотори за мотоцикли, земјоделска механизација, сопирачки за железницата и уреди за домаќинството. Првиот мотоцикл беше произведен во 1923 година, а при крајот на 1928-мата беше откупена компанијата Fahrzeugfabrik Eisenach која во тоа време лиценцно го произведуваше Austin 7. Така овој модел претставен на 1 јануари 1928 година под ознаката Dixi 3/15 DA-1 стана првиот автомобил на баварската марка. На почетокот се продаваше како BMW Dixi, а од 1929 година кога беше претставена неговата унапредена верзија, како BMW 3/15 DA-2.