Tags:
Горивата поскапеа – избори сепак нема да има

Бензинот за 2, а дизелот за 1,50 денари поскап

» Попусто после минатонеделниот пад се понадевавме дека можеби идат избори и дека горивата и понатаму ќе поевтинуваат – регулаторната комисија за енергетика пресече и реши тие да поскапат враќајќи се скоро на претходното ниво. Така откако ќе измине овој 13 декември кој не е ни петок туку понеделник, за литар еуросупер БС-95 бензин ќе плаќаме по 73 место 71 денар, за литар еуросупер БС-98 по 75 место 73 денари, а за литар еуродизел по 64,50 наместо како досега по 63 денари. И така до наредната недела…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *