Лудо, ама ефикасно решение
» Како да се исчистат 7.000 автомобили од снег? Тешко прашање. А токму тоа секоја зима ги мачи вработените во аукциската куќа State Line од Њујорк кои горе-долу располагаат со толкава залиха на возила за продажба. И сите тие секогаш мора да бидат подготвени за разгледување и испорака, бидејќи од нив секоја недела по околу 1.000 го менуваат сопственикот. Во таква ситуација снегот може да предизвика навистина големи проблеми. Вработените таму после повеќегодишно мачење во зимските месеци и испробување на секакви методи за брзо чистење на автомобилите од снегот, на крај дојдоа до навидум лудо но сепак едноставно и без конкуренција ефикасно решение – користат багер на Volvo со прикачени индустриски турбо вентилатори. Според нив целата процедура воопшто не е штетна за возилата – за пет години колку што се служат со неа само два пати им се случило да оддуваат по некој ретровизор. Плус додаваат и дека заради својата моќ овој вентилатор без проблем се справува и со замрзнат снег – му треба само секунда работа повеќе.
View this post on Instagram