ID.4 GTX + ID.3 = ID.X
» На малку заобиколен начин, но директно од првиот човек на Volkswagen задолжен за патничките возила, германскиот производител објави дека подготвил перформансен електричен концепт. Означен како ID.X, добиен е со комбинирање на перформансните компоненти од ID.4 GTX во каросеријата на ID.3. Тоа значи батерија од 77 kWh, два електромотора кои тука имаат 333 KS и погон на сите тркала, заради што може да се пофали со возбудувачки перформанси – од 0 до 100 km/h за 5,3 секунди. Освен погонскиот склоп, модификувани се и некои други компоненти, а возило дизајнерски е унапредено со спортски изглед. Плусот на сé го става дрифт режимот на работа. Сериското производство не му е потврдено.