2025-та ќе стигне порано
» Со суфикс AD во називот како кратенка од Autonomous Driving, Volkswagen ни ја покажа автономната верзија на електричниот ID. Buzz. Но освен овие две фотографии, не даде скоро никакви информации за неа. Тоа малку што ни го кажа е дека ова возило пред сé наменето за превоз на патници во урбани средини ќе се појави во 2025 година и ќе има автономен систем на возење со лидар развиен од Argo AI, способен да детектира објекти оддалечени 400 метри. Повеќе ќе дознаеме на салонот на автомобилите во Минхен, кој започнува утре.
Што се однесува до стандардниот ID. Buzz, неговата премиера се очекува идната година.