Динамика и моќ
» Првата целосно електрична лимузина на Volkswagen, одамна позната како ID.Aero, е покажана – примарно ќе биде лансирана на кинескиот пазар, додека во Европа ќе се појави нешто подоцна. Ширењето на ID линијата кон средната класа е во согласност со забрзаната електрична офанзива која е стратешка цел на концернот. Атрактивниот дизајн со чисти линии остава футуристички впечаток на семејниот автомобил кој е елегантен и аеродинамичен, со многу простор во кабината. Заснован е на модуларната MEB платформа. Volkswagen се надева дека со овој модел ќе отвори нов сегмент – електрични лимузини кои не се сместени во премиум понудата. Го спомена некој Passat?!
Кинеските купувачи ќе го добијат при крајот на годинава, а производството на верзиите за Европа и Северна Америка ќе започне во 2023 година во фабриката во Емден.