Само за Америка
» Во време кога седаните ги убиваат во Америка, Volkswagen ја обнови седмата генерација на Jetta, претставена пред три години. Овој модел кој повеќе не се продава во Европа и на пазарите каде се вози по левата страна на патот доби едвај забележливи стилски разлики и малку подобрена опременост. Најголемата измена е новиот 1,5 литарски TSi мотор кој располага со 158 KS и 249 Nm, за прв пат виден во Taos, кој може да биде спарен со шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач. На купувачите на располагање им е и дволитарската спортска GLi верзија на Jetta со 228 KS и 349 Nm и шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач. Цените кои кај сегашниот модел стартуваат од 18.995 долари, не се соопштени.