Кинеските технологии влегуваат во VW
» Групата Volkswagen започна преговори со кинескиот технолошки гигант Huawei за купување на неговото одделение за автономни автомобили. Сé уште нема прецизни информации,но доколку се оствари овој аранжман би можел да тежи повеќе милијарди евра. VW веќе има напреднато на ова поле, но со купувањето на кинеските технологии ќе постигне двојна цел – ќе стане глобален лидер во автономното возење и воедно ќе ги зголеми својот углед и позицијата на кинескиот пазар. Одвојувајќи за тоа околу милијарда долари, Huawei активно работи на развој на овие технологии од 2019 година, ангажирајќи околу две илјади вработени. Веќе има постигнато договори со три кинески компании за нивна имплементација – BAIC, Changan и GAC. Инаку, во Volkswagen сметаат дека автономните возила ќе станат реалност во наредните 25 години.