Најбрзиот Tesla Model S на светот
» Една канадска компанија која се бави со чепкање по софтверот заради заобиколување на ограничувањата кои производителот ги има поставено, или народски кажано хакирање, успеа да го дотера Tesla Model S Plaid до максимални 216 милји на час, односно 348 km/h. Според нив, освен тркачките Michelin пневматици, засилените керамички сопирачки и нивните зафати во софтверот кои го заобиколуваат ограничувањето од 175 милји на час (282 km/h) сé друго на автомобилот е сериско.