Големи чешки електрични амбиции
» Škoda започна да го произведува електричниот кросовер Enyaq iV во ноември и до крајот на годината на купувачите им испорача околу 600 примероци. Скромно би рекле, но само за почеток – план е во наредниот период неговото производство да се подигне на 250 до 350 автомобили дневно, односно меѓу 60.000 и 85.000 годишно. Доколку во Škoda успеат да ги реализираат овие свои планови, Enyaq iV би требало да биде еден од најпродаваните електрични автомобили во Европа. Тој iV се произведува во Млада Болеслава, каде е најголемата фабрика на Škoda од чии погони уште излегуваат и Fabia, Scala, Octavia, Kamiq и Karoq. Лани таму беа произведени околу 480.000 возила.