Италијански SUV со германски шмек
» Maserati го претстави новиот Grecale. Громогласно. Се подготвуваше и најавуваше долго, за кое време пораснаа очекувањата. Не се сомневаме во неговиот успех, но некако ни изгледа малку млако. Не велиме лошо, ама како да нема во целост она италијанското во себе. Попрво би рекле дека гледаме некој германски SUV, посебно затоа што дизајнерот му е Германец. Се согласувате ли?